дома Македонија СДСМ: Сега нема потреба од лидерска средба, ниту е време да се...

СДСМ: Сега нема потреба од лидерска средба, ниту е време да се разговара за избори

39
0
АКЦИЈА

СДСМ смета дека засега нема потреба од организирање лидерска средба. Во овој момент, според партијата, најважно е надминувањето на пандемијата со коронавирусот и решавање на економските последици од неа.

Одговорајќи на новинарско прашање, потпретседателот на СДСМ, Коста Петров денеска на прес-конференција истакна дека не е ниту време да се разговара за избори.

-Ние сметаме дека не е време да се разговара за избори. Има време и ќе разговараме за тоа кога ќе дојде време. Наш главен фокус останува здравјето на нашите граѓани и економските мерки со цел да зачуваме повеќе работни места, да помогнеме на поголем број граѓани и да ја победиме оваа криза од коронавирусот, рече Петров.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски синоќа јавно го повика шефот на државата, Стево Пендаровски да свика лидерска средба во врска со иницијативата на СДСМ и коалициските партнери кои бараат повторното свикување на Собранието. Од Кабинетот на претседателот Пендаровски за МИА потврдија дека се планиа организирање лидерска средба во првата половина на мај, а ќе се разговара за натамошниот тек на политичкиот процес во земјата, како и за можните термини за одржување на следните парламентарни избори.