дома Интервју Мицкоски: 5-ти и 8-ми Јули за Вмро – Дпмне не се прифатливи,...

Мицкоски: 5-ти и 8-ми Јули за Вмро – Дпмне не се прифатливи, бараме присуство на ОБСЕ/ОДИХР барем еден пред почетокот на кампањата

17
0
АКЦИЈА

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски истакна дека партијата нема да оди на предвремените парламентарни избори ако тие се одржат на 5 јули, или на предложениот 8 јули, а прва можна дата е средината на јули. Тој на прес-конференција ги изнесе деталите во однос на нивните барања за оддржувања, односно посочи дека се потребни протоколи за заштита на здравјето на граѓаните и кредибилна набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР.

Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања додаде дека информацииците кои се појавија во јавноста дека ОБСЕ/ОДИХР прифатиле набљудувачка мисија и очекуваат да им биде соопштен датум не се точни односно дека во конкретниот случај се работи за оценувачи но не набљудувачи.

– Тоа не се набљудувачи туку тоа се оценувачи. Тоа е голема разлика, зошто оценувачи затоа што од владата е испратено барање од министерот за надворешни работи е испратено барање да ОБСЕ и ОДИХР испратат набљудувачи за изборите кои што ќе се одржат на 5 јули. Најверојатно ОБСЕ и ОДИХР не се во можност да испратат таква мисија набљудувачи, онаква каква што беше планирана за изборите кои беа одложени на 12 април, и оценува дека ќе испрати кратка мисија од 7 луѓе која што ќе биде мисија која што ќе го оценува изборниот процес, а не која што ќе го набљудува. Конкурсот е отворен и завршува на 16 ти во вторник, и доколку се пријават луѓе кои што се конкурентни тогаш најрано што тие можат да испратат во Македонија според дописот кој што го испратија е 19 јуни, тоа е петок.

Повеќе можете да прочитате ТУКА

Извор: makpress.mk