дома Колумна „Слабиот напредок на нашминканата економија, слабиот прогрес и „дупките” во системот од...

„Слабиот напредок на нашминканата економија, слабиот прогрес и „дупките” во системот од овие неславни 29 години самостојност, дојдоа до израз заради вирусот и предизвикаа нова (не) нормалност?”

63
0
АКЦИЈА

Тешко е новото секојдневие што го живееме како резултат на вирусот, се случуваат мали настани со големо значење, тектонски промени се очекуваат во светот после кризата, а ние спасот го бараме во некоја нова (не) нормалност.

Слаб напредок, нашминкана економија односно прогрес на државата. Неколку збора коишто опишуваат цели 29 години самостојност на една држава. Нема да речам самостојна и суверена бидејќи тоа и не сме. Секоја влада од самото осамостојување настапила на избори со одреден план, со одредени ветувања. Што значи безброј планови за општествено-економски напредок, во нашата држава мандатите на власта не траат многу, и затоа политичките партии би се оправдувале дека немаа 4 годишен мандат за да ја имплементираат или да ја изреализраат нивната изборна програма. Еве нека не биде 100%, 40% од тоа што го ветуваа низ годините да беше правено, нашата држава ќе беше место каде ќе доаѓаа луѓе да работат, ќе бевме држава со која ќе се гордееше народот и која немаше да ја вложува историјата и идентитетот за подобар живот, за „живот за сите”. И најчесто тие како оправдување ги користат евроатлантските интеграции. Какви евроатлантски интеграции ти се потребни за да уредиш држава од „два шиника”? Еден средно образован човек, коишто никогаш немал политичко искуство или јавна функција, да го ставиш на власт, за еден мандат државата ќе има ненормален прогрес. За земја која ги надмина тие европски стандарди, а не е дел од европската унија ќе го земам Исланд, Исланд беше поканет од „европското семејство” но гордо ја одби поканата. Зошто? Бидејќи штом дојде некој на власт, првата мисла не им е да го обезбеди животот и да украде колку што е можно повеќе амиа да ја направи својата земја под конец. Не велам дека сме немале добри моменти во нечиј мандат, но реално може многу многу повеќе. Нашминканата економија околу која мора да се вртиме, ја нарекуваме нашминкана бидејќи не е потполно реална. И самите политичари од сдссм, во ист ден излегоа со неколку различни цифри за тоа колку пари имаме во „државниот сеф”. И тоа цифри што се разликуваа со пола милијарда, милијарда итн….
Второ бидејќи распределбата на буџетот е катастрофална, се вложува во сектори каде што не би требало а капаталните сектори едвај функционираат. И како трето, доколку нашата економија блескаше и доколку можевте да се справите со дефицитот, тогаш зошто се задолжувате за стотици милиони евра? Кој треба да ги враќа тие фрапантни суми? Плукавте по Никола Груевски и неговата влада и пресметувавте по колку ќе должи секој граѓанин заради нивните задолжувања! Никола Груевски за цели 11 години се задолжи за 3,5 милијарди а вие за 3 години, скоро дупло повеќе! Работите на кои алудиравте дека се лоши во работењето на Груевски, сега се дупло па и тродупло полоши! Наместо да се фатите за работа во оваа криза вие стравувајќи од очаен пораз, се фаќате за следењето на Мицкоски во некоја кафана. Ало! Тоа ли е сега примарниот проблем? Сето ваше крадење и незнаење ви го откри неочекуваната криза. А, и да не заборавам. Економијата мора да кружи, почитуваниот министер Зоран Ставрески вложуваше во градежништвото односно во проектот „Скопје 2014″ сѐ со цел, движење на економијата. Тоа што тој проект има културно историско значење за над како нација е друго. Но вие мислевте дека тоа служи само за перење на пари…
Кога видовме дека кризата ќе биде тешка и сериозна, веднаш почнаа да се превземаат одредени мерки, со доцнење но се превземаа. Дури и во тие клучни моменти сдссм повторно гледаше да оствари политички реваншизам и да собере некое политичко поенче. Предлозите од било која опозициона партија беа отфрлувани, нормално бидејќи не беа нивни. А мене искрено да ви кажам не ме интересира што луѓето глумат експерти по социјалните мрежи, криво ми е што во целава оваа работа крајната цел не е надминување на кризата и стабилизација на државата туку политички профит. Дури и во министерството за здравство дофати раката на политичките калкулации, Венко Филипче зборуваше дека вирусот е премногу опасен, дека мораме да го сфатиме сериозно, секојдневно правеше по 2,3 пресови и ги повторуваше истите работи. И одеднаш кога сдссм увидоа дека поразот ќе им биде многу помал во оваа ситуација, дека нема да има излезност и што е најважно, дека нивните афери се засенија, тогаш Венко одма како да настапи до друго лице. Тоа по 100, 150 луѓе секојдневно новозаболени, тој велеше дека работата е под контрола. И што е најсмешно, кажуваше дека новозаболените прележуваат полесен вирус. Неговата оставка закасни и сдссм наместо на профитира, уште толку ќе биде казнет. Народот можеби грешел, но не е глупав, македонскиот народ е исклучително лукав и борбен народ, па ќе ја собори и оваа хунта!
Кога дојдовме до муабетот дека секојдневно има по 100,150 новозаболени, јас мора да се запрашам. Како бројката нагло скокна? По некое време на интернет се појавија слики од ифтарите по повод муслиманскиот празник, Бајрам. Маси од по 2 километра, и луѓе коишто се прегрнуваат. Потоа се стана јасно. Мене не ми е толку криво за бројката на новозаболените онолку колку што ми е криво дека сме граѓани од втор ред во оваа земја. Мнозинство, ама во вториот ред. Велигден го поминавме во апсолутен карантин се помиривме, за Бајрам карантинот беше до 11 часот наутро, што значи дека верниците имаа време да отидат до џамиите. И не само тоа, тие го известија властите дека нема да ги почитуваат рестрикциите, а од властите молк. Потоа доаѓа Духовден, еден од поемотивните христијански празници, коишто се одбележува по гробиштата, на отворено. И тие повторно не спречуваат да отидеме. Зарем не ви е срам за таа очигледна селективност што ја правите? Јас немам ништо против никого, но ова ме повредува. И во овие услови некој е попривилигиран. Кога сме од граѓани од втор ред, ќе научиме да молчиме? Зарем? Друго што ме интересира е тоа зошто кога јас си ја сакам Македонија, кога ја сакам историјата и знамето, зошто тогаш сум фашист и националист? А зошто кога ќе му кажеме на етникумте дека тие не се бројни, и дека не можат да бидат рамо до рамо со мнозинството, зошто тогаш тие се револтирани, обесправени, навредени!? Па ова е Македонија. Што мислите вие кога така постапувате? Тоа не ми е јасно!?Толку сме навикнати да се преправаме пред другите што на крајот ќе започнеме да се преправаме пред себе.
„Кога камелеонот е на власт, околината ги менува боите” рекол Станислав Јержи Летс, што е на место. Не мора јас да ве убедувам, ги живееме тие зборови. Нашата држава е пример за тоа како може да се направи се за власт, за жал! Наместо политиката да биде привлечна наука за младите, и како благородна наука на биде изучувана, таа добива сосема трето лице заради одредени политичари. Политичари што се како цвеќињата, но оние лицемерните, коишто се плашат од дождот!
И на крај сакам, но никако не можам да ја сфатам новата нормалноста на Заев. Каква е таа нова нормалност!? Ако мислеше на ненормалност, тоа не е ништо ново, а нова нормалност тешко дека има. Новата нормалност се состои од твојот страв и грчевита борба за да не одите во затвор. Бидејќи јас знам дека ќе сносите одговорност, кога тогаш! Со „Ни работа ни сабота” држава не опстојува, со преполна администрација и понижено мнозинство државата ќе уназадува се до нејзината капитулација!

„Не познавам некој што стигнал до врвот,без напорна работа. Тоа е рецептот. Не секогаш ќе ве однесе до самиот врв, но ќе стигнете навистина блиску до него.“-Тачер

Епа јас познавам, и затоа сме каде што сме. Нашиот систем со безброј дупки донесе човек без таков рецепт во рацете. Но тој цитат на Тачер важи за некоја нормала држава и систем.

А кај нас, ние ќе си се навикнеме на таа новата (не) нормалност!