дома Колумна На изборите граѓаните гласаат за партии кои нудат програми

На изборите граѓаните гласаат за партии кои нудат програми

20
0
АКЦИЈА

На изборите граѓаните гласаат за партии кои нудат програми.
Онаа партија која има најмногу гласови добива мандат и обврска да ја реализира програмата која добила легитимитет кај избирачите.
Водејќи се од тој принцип, како е возможно било кој друг освен победникот да одредува личност, било тоа Албанец, Македонец, Србин, или Влав, кој би застанал на чело на извршната власт.
Со тоа, не станува збор на избор, туку обврска првиот човек на владата да доаѓа од редовите на онаа партија или коалиција чија програма избирачите ја одобриле како пат по кој треба да се води државата во мандатот кој претстои.

Во дадената консталација на околности на нашата политичка сцена, благодарение на бројните преседани и акробации во изминатиот период, кога не се бираа средства да се промени минатата власт, се овозможи Ахмети да се стави во позиција за сметка на граѓаните да одбира кому ќе ја додели привилегијата да креира влада.
Тоа пред се го легитимираа голем број од нашите естрадни интелектуалци кои ја туркаа тезата дека Албанците не прифаќале да се коалицира со Вмро, како тоа да е сосема легитимен однос.
Во некое не толку далечно време таквиот однос ќе се наречеше непочитување на волјата на мнозинството на една од заедниците, и секако некоректен однос кон истите.
Но, по некоја чудна логика непочитувањето на изразената волја на мнозинскиот народ се дефинира како демократија.
Да е трагедијата поголема, истите тие први се нафрлија против предлогот, пардон условот, Дуи да одбере премиер на државата. Иако за волја на вистината Дуи им стави до знаење дека тоа е пракса која веќе ја примениле на претходните избори.