дома Македонија Заев ја започна изборната кампања од Струмица: Mожеме уште повеќе и уште...

Заев ја започна изборната кампања од Струмица: Mожеме уште повеќе и уште подобро!

17
0
АКЦИЈА

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев предизборната кампања ја започна од неговата родна Струмица. Под слоганото „Можеме“ Зоран Заев им вети на граѓаните дека можат уште повеќе и уште подобро.

„Денеска ја почнуваме кампањата од мојата Струмица. Струмица секогаш беше пример за слободата, демократијата, развојот на економијата. Од Струмица влегуваме во нов поход барајќи од граѓаните поддршка да ја водиме нашата земја напред”, порача претседателот Заев на почетокот од своето обраќање.

„Носевме храбри одлуки кои ја изведоа државата на прав пат и граѓаните тоа го препознаваат. Политичарите кои носат храбри одлуки се свртени патриотски кон својата земја. Од другата страна немаа став за државничките одлуки, а немаа став и за време на кризата со корона вирусот. Не дадоа ниту еден предлог, а цело време се изживуваа и го масакрираа здравството. Политиканство прават врз нашите херои, лекарите и медицинските сестри. Не може да водите негативна кампања и да коментирате од кафана и теретана, тоа е крајно неодговорно. Во ВМРО-ДПМНЕ ништо не е сменето, тие се управувани од Будимпешта и од белиот дворец”, рече претседателот Заев.

Toj ја презентираше новата понуда на СДСМ и коалицијата „Можеме” пред струмичани. Тој истакна дека грижата за ранливите категории се проширува со опфат од 26.000 граѓани на 34.000 граѓани, за 30% ќе се зголеми просечната плата, а минималната ќе се зголеми за повеќе од 40%, за 21% зголемување на пензиите, а 600 милиони евра ќе бидат поддршка за приватниот сектор. Најави прочистување и ревизија на судството, а во здравството нови инвестиции.