дома Македонија Насер Зибери, човекот што го нуди ДУИ за прв Албанец премиер

Насер Зибери, човекот што го нуди ДУИ за прв Албанец премиер

8
0
АКЦИЈА

Насер Зибери е кандидатот за премиер на ДУИ, кој беше претставен денес во Преспа на промотивна конвенција под слоганот „Време е за првиот премиер Албанец“. Претседателот на партијата, Али Ахмети истакна дека Зибери ги има сите доблести да ја води извршната власт на земјата кон полна еднаквост.

-После сите консултации кои ги имавме, со академици, луѓе од различни сфери, различни интелектуалци, откако завршија сите консултации, промовиравме како идеја што треба да се поддржува од сите Албанци, зошто и да не да не и се радуваат и нашите сограѓани Македонци, затоа што е за добро на сите, изјави Али Ахмети, претседател на ДУИ.

-СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ги искажаа нивните ставови и викаат дека се против идејата за прв премиер Албанец. Лично од Преспа сакам на Заев и на Мицкоски да им кажам: Не можете на Албанците да не им дадете право да имаат прв Албанец премиер. Вие не сте газда на оваа држава. Политиката на премиер вие и јас треба да ја разбереме како служба на довербата која ни ја даваат граѓаните, изјави Насер Зибери, кандидат за премиер од ДУИ.

Инаку Зибери бил пратеник од ПДП во три мандати, поранешен министер е во владата на Бранко Црвенковски, а последните години работи како нотар.