дома Став Царовска: Исправивме срамни неправди

Царовска: Исправивме срамни неправди

13
0
АКЦИЈА

Носителката на листа на пратеници во Изборна единица број 1 и потпретседателка на СДСМ,  Мила Царовска во обраќање по повод стартот на кампањата рече дека на престојните парламентарни избори СДСМ и коaлиционите партнери ќе го потврдат континуитетот на започнатите реформски процеси во земјата.

Тимот којшто еднаш дал одлични резултати истите ќе ги повтори и во новиот мандат за којшто сум уверена дека ќе го добиеме со силна поддршка од граѓаните.Во првиот мандат покажавме што значи почит кон граѓаните. Почит кон сите, без разлика на нивниот социјален статус, пол, вероисповед или определба. Донесовме нови вредности, нови стандарди и создадовме општество во кое сите, без исклучок, имаат и ќе имаат еднакви права и можности.Исправивме срамна, децениска неправда со кои живеа нашите граѓани. Покажавме дека минималната плата може да се зголеми со дијалог. Направивме се да немаме повеќе деца во институции, ја намаливме невработеноста. Го вративме достоинството на воспитувачите и социјалните со зголемување на платите. Покажавме вистинска разлика со минатото. Покажавме што значи вистинска грижа за децата, работниците, возразните и ранливите. Докажавме дека се грижиме за сите“, рече Царовска.

Царовска потенцираше дека не треба да се дозволи да запрат започнатите процеси и некој да го урне изграденото досега.Како идна пратеничка во Собранието, нагласи Царовска, ќе продолжи силно да се бори за поголема застапеност на жените во сите важни одлуки на сите нивоа во државата.

Време е за 50-50, за силни жени кои рамноправно учествуваат во создавањето на силно општество. Ќе се борам за  слободата и демократијата, против сиромаштијата и нееднаквоста. Верувам дека можеме уште повеќе и уште подобро. Можеме затоа што заедно треба да изградиме современо и инклузивно општество кое се грижи за секого“, рече Царовска.