дома Став Леон Стефановски со порака до земјоделците и идната власт!

Леон Стефановски со порака до земјоделците и идната власт!

115
0
АКЦИЈА

Мора да се соочиме со фактот дека земјоделците односно нивната продуктивност се подолгата на нашата економија. Огромен процент од девизниот прилив во државата е токму од извоз на земјоделски производи и нивни преработки. Токму од земјоделците, од нивниот труд, од нивниот производ! Тоа што треба да се запрашаме е „Дали прават и што прават властите за нив?” Земјоделецот е буквално оставен сам на себеси. Непродуктивните сектори во општеството добиваат дупло повеќе помош и привилегии одошто чесните раце на земјоделците. Држава која не го негува она највредното никогаш нема да има просперитет и успех. Чесноста и наивноста на земјоделците секогаш паѓала пред лажните ветувања на политичарите. Кога доаѓале избори, земјоделецот бил најдобриот, а во текот на мандатот биле комплетно заборавани. Еве не одам подалеку. За најдобар пример ќе ги земам последните 3 години власт на СДСМ. 2016 година министерката за одбрана, Радмила Шекеринска без око да и трепне ги лажеше жителите на Преспа, тоа што му го диктираа од ресенското членство на партијата, тоа и го пееше. Лажеше за принципиелната политика на СДСМ кон земјоделието, лажеше дека откупот на јаболката ќе бил загарантиран со одлична цена, достојна за трудот на земјоделците. Лажеше дека ќе изградат огромен откупен центар според најновите европски стандарди од 50 илјади тони. На ресенскиот плоштадот и по селата, гледајќи ги во очи, лажеше илјадници граѓани. Ако сакаме да го градиме земјоделието според европските стандарди, мора да разграничиме на кого земјоделието му е примарна а на кого додатна дејност. Пример ќе ја земам Франција, секој може да се занимава со земјоделие, но на оние на коишто земјоделието му е додатна дејност мора да плаќаат одредена акциза . На тој начин трговците нема да можат да ги уценуваат оние на коишто земјоделието му е додатна дејност! Од искуството во нашата држава се злоупотребуваат парите од ИПАРД и од државните фондови, и механизација добиваат луѓе коишто имаат врски, луѓе коишто имаат друго занимање, а вистинските земјоделци аплицираат по неколку пати и најчесто се одбиени. За нештата да станат уште полоши, многу корисници на ИПАРД фондовите по неколку години предвидени за користење на механизацијата, ја продаваат истата. Со укинување на субвенцијата за килограм индустриско предадено јаболко и со воведување на субвенционирање по површина му се направи услуга на оние на коишто земјоделието не му е примарно занимање. 80% од државните пари во Република Македонија одат за плати и пензии, доколку се стремиме кон членство во Европската Унија треба да ги прилагодиме буџетските расходи према нивните стандарди. Токму во ЕУ повеќе од половнина од буџетот на унијата оди во поддршка на земјоделието.Најголеми издатоци има со земјоделските субвенции и фондовите за структурни реформи, како и грантови за градежни проекти.

Затоа сакам да му порачам на идната власт, дека мора да направи структурни реформи во земјоделието. Принципиелното водење на политиката во земјоделието е на корист на државата и самиот земјоделец!