дома Свет Мајкрософт ги затвора сите продавници и воведува само онлајн продажба

Мајкрософт ги затвора сите продавници и воведува само онлајн продажба

11
0
АКЦИЈА

Американската компанија Мајкрософт на својата веб-страница соопшти дека ќе ги затвори сите свои продавници во наредниот период и дека во иднина ќе има само онлајн продажба како дел од „стратешката корпоративна промена во областа на малопродажбата“.

Како што е наведено во соопштението, компанијата нема да ги отпушти своите вработени поради оваа промена, но наместо тоа, сите вработени во продавниците на „Мајкрософт“ ќе продолжат да работат во канцеларии и деловни објекти во Вашингтон.