дома Балкан Позитивен на корона Марко Чадеж, Претседател на Стопанската комора на Србија

Позитивен на корона Марко Чадеж, Претседател на Стопанската комора на Србија

15
0
АКЦИЈА

Претседателот на Стопанската комора на Србија, Марко Чадеж, е позитивен на корона вирусот, јави Нова.рс. Како што изјави за порталот, тој нема сериозни симптоми и работи од дома.

„Имав малку зголемена температура еден ден, веќе ја немам. Единствено се чувствувам малаксан и многу брзо се заморувам“, вели Чадеж, додавајќи дека прима вообичаена терапија – витамини и антибиотици.

„Не знам од кого го добив вирусот, ниту пак можам да претпоставам“, вели тој.

Чадеж е познат и на македонската јавност особено меѓу стопанствениците, преку соработката што ја развиваат Стопанската комора на Македонија и Стопанската комора на Србија, двете најголеми бизнис асоцијации во соседните земји.

Потпишувајќи го Меморандумот за соработка помеѓу регионалната платформа САМИТ100 и Коморскиот инвестициски форум на шест земји од Западен Балкан (WB6-CIF) – тело за регионална соработка на коморите од Македонија, Србија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора што се одржа во 2017 година во Скопје, Чадеж изјави дека се залага за отстранување на царинските бариери, синхронизирање на документацијата, но и синхронизирање и на останатите процедури, нагласувајќи дека се тоа прашања на опстанокот на нашиот регион.

За неопходноста од зајакнување на регионалната економска соработка и интеграција, создавање заедничка економска област на Западен Балкан и подлабока интеграција на регионот во правниот и економскиот систем на Европската унија, како клучни за закрепнување на регионалните економии од ефектите на пандемијата Ковид 19, стана збор и во разговорот што Чадеж, од името на Коморскиот инвестициски форум го имаше неодамна со Метју Палмер, заменик-помошник на државниот секретар на САД и специјален претставник на САД за Западен Балкан.

Пред десетина дена Чадеж најави дека Стопанската комора на Србија стартува нов проект наречен „Создавано во Србија“, како еден од начините за да се помогне и да се промоввира домашната економија во оваа земја.

Извор: https://nezavisen.mk/pozitiven-na-korona-marko-chadezh-pretsedatel-na-stopanskata-komora-na-srbija/