дома Свет САД: Пиеле средство за дезинфекција – тројца умреле, еден ослепел

САД: Пиеле средство за дезинфекција – тројца умреле, еден ослепел

10
0
АКЦИЈА

Три лица починале во Ново Мексико, а едно лице останало трајно слепо поради труење со метанол откако пиеле средство за дезинфекција на раце, соопштија здравствените власти. Уште три лица се во критична сосотојба.

„Верувале дека сите седум лица поеле средство за дезинфекција на раце кое содржи метанол. Случаите се поврзани со алкохолизам“, се наведува во соопштението од Министерството за здравство на американската сојузна држава Ново Мексико, пренесе Си-ен-ен.

„Ако по некоја случајност сте пиеле средство за дезинфекција на раце кое содржи метанол, веднаш да се јавите на лекар. Противотровот за труење со метанол е достапен и што побрзо некој почне да се лечи, поголема е веројатноста да оздрави“, вели државната министерка за здравство Кети Канкел.

Изгледа дека некои луѓе намерно пиеле средство за дезинфекција за да се опијанат. Пред пандемијата, во повеќето затвори средствата за дезинфекција беа забранети од страв дека затворениците ќе ги пијат.

Изложувањето на значајни количини метанол предизвикува мачнина, повраќање, главоболка, замаглен вид, трајно слепило, напади, кома, трајно оштетување на нервниот систем или смрт.