дома Свет Иран издаде налог за апсење на Трамп! Се бара преку Интерпол

Иран издаде налог за апсење на Трамп! Се бара преку Интерпол

5
0
АКЦИЈА

Иран издаде налог за апсење на американскиот претседател Доналд Трамп и 30 други лица под сомнение за вмешаност во нападот врз иранскиот генерал во Багдад, изјави денес обвинителот во Техеран, Али Алкасимер, пренесе Ројтерс.

Иран побара од Интерпол помош за апсење на осомничените, но Интерпол не го коментираше тоа. Обвинителот рече дека Трамп и останатите осомничени, кои не ги именуваше, се товарат за вмешаност во нападот од 3 јануари во Багдад, во кој беше убиен генералот Касем Сулејмани.

„Тие се обвинети за убиство и тероризам“, рече Алкасимер.

Идентитетот на обвинетите не е наведен, освен за американскиот претседател, а обвинителот рече дека Техеран ќе продолжи да го гони и по истекот на неговиот претседателски мандат.