дома Став Калоѓера: Па, колку чини таа Македонија која ја продаваат за ситни пари?!

Калоѓера: Па, колку чини таа Македонија која ја продаваат за ситни пари?!

12
0
АКЦИЈА

Хрватскиот македонист и поранешен почесен конзул на Македонија во Риека, Горан Калоѓера, преку одбраната на македонскиот карактер на Зборникот на браќата Миладиновци во еден момент ќе крикне во свој стил, без влакно на јазикот.

„Ма, доста е веќе од тие историски фалсификати. Жално е што македонските институции молчат, сите се повлекле во своите дупки. Срам до небо!“, згрме Калоѓера во дискусијата под својата објава на Фејсбук, пред да поентира со директно обраќање до Македонците: „Сите ваши великани ви се превртуваат во гробот, срамота… На мене како странец и ‘туѓинец’, ако сакате, ова ми е неподносливо. Па, колку чини таа Македонија која ја продаваат за ситни пари?!“.

За самиот Зборник Калоѓера со следната елаборација:

„Ветив дека повеќе нема да чепкам во ‘македонските работи’ и немаше да не видов еден скромен прилог на некој пријател на ‘фејс’ дека пред два или три дена била годишнина од печатењето на славниот Зборник на браќата Миладинови. Скромно и речиси незабележливо. Со оглед на сето ова околу мене, повеќе не се врзувам за датуми, неделите ми поминуваат, секој ден ми е петок или сабота, така што не ми се проверува датумот на издавањето на Зборникот. Но, датумот не е толку битен. Битно е нешто друго. Скокнеш ли малку на Википедија, нема шанси да најдеш податок дека станува збор за Зборник на македонски народни песни, сето тоа е бугарско итн…

Повеќе можете да прочитате ТУКА

Извор: expres.mk