дома Политика Предизборна политичка анализа на Леон Стефановски

Предизборна политичка анализа на Леон Стефановски

113
0
АКЦИЈА

Избори, избори, избори… Парламентарни, локални, претседателски. И секогаш кога доѓало време за гласање, тие избори биле клучни и најважни, и со самото тоа карактеризирање на изборите како такви, народот ја губел довербата во секоја една партија. Како да кажам, тоа одело на штета на народот првенствено, но и на штета на репутацијата на политичките партии. И кога навистина ќе дојде време за такви клучни избори, народот нема да излезе да гласа заради претходните лажни тревоги… И тука се присетив на една многу интересна но и поучна приказна. Кога на еден овчар му било досадно, и одел во селото им викал на соселаните ” Луѓе помагајте волци ми го нападнаа стадото”. И така неколку пати, прелажал неколку групи на луѓе. Но кога волците навистина му го нападнале стадото, и кога отишол да бара помош од соселаните, никој не дошол, а тој останал без единственото нешто што му носело парче леб. Епа ние можеме да останеме без држава! Зошто? Заради исти такви лажни тревоги и измами. Доколку гледаме реално, овие избори се навистина важни, но дали после нив ќе можеме да заклучиме дека моментот на важност бил испочитуван и дека ситуацијата била сфатена сериозно со соодветно дејствување или пак на крајот повторно ќе кажеме дека било лажна тревога? Имаме ли уште простор за правење на лажни тревоги? Ќе биде ли нашата држава феномен со тоа што ќе наликува на мачка во однос на животите? Граѓаните имаат избор, мислам дека имаат најголем избор односно широка лепеза на партии од осамостојувањето па се до денес. Може да бираат помеѓу големите партии како логично решение, но може и спасот да го бараат давајќи им сила и на помалку чуените мали партии. Во зависност од излезноста односно потребниот број на гласови во една изборна единица за освојување на пратенички мандат, ќе видиме дали ќе можат и малите партии да учестуваат во новиот парламентарен состав. Ние како грчевито со години да се наоѓаме во статус кво. Состојбата во која се наоѓаме со години е многу лоша и очајна што реззултира со големо намалување на населението односно големо емигрирање. Со оглед на фактот дека имаме многу мал прираст во однос на бројот на родени, слободно можам да ја карактеризирам ситуацијата како брза депопулација. Што е навистина загрижувачки. Земја која е притисната од повеќе фактори, повеќе од извесно е дека се наоѓа во опасност од разнебитување. За нас, како држава е многу важно “кососвското прашање” бидејќи разврската на тоа прашање, може да претставува идна иницијатива за иста развсрска помеѓу мнозинството и малцинството во Република Македонија. Но и тоа прашање е поврзано со изборите на 15 јули, мнгоу работи, ако не и сите, се поврзани со тие избори. Ад хок, секој граѓанин ќе мора да размисли три пати, пред да одбере една од понудените опции. Три пати мери, еднаш сечи… ‘Спасот на државата не е во раката на еден човек” рекол Цицерон, како вие ја сфаќате таа негова мисла? Јас мислам дека е доволно јасна. Но луѓето чиј работни позиции зависат од едни избори, исто како да немаат раце, како да немаат глас. Политичката партија многу лесно ги уценува таквите луѓе коишто прифатиле да се вработат партисики, посебно во државните институции. Прво го вработуваат, на работното место го држат без решение и на крај, на изборите мора да го фотографира изборното ливче како доказ за својот шепот, а не глас! Значи илјадници граѓани се засегнати од таквата малограѓанштина. Најавите за чистка во администрацијата беа само уште едно од многуте празни ветувања. Над 60% од државниот буџет оди за плати и пензии, тој голем процент би се намалил за многу доколку би имало една суштинска чистка во администрацијата. Во минатото земјите имале своевидна администрација, но сето тоа одело рачно, и бројот на врабтени, бил дупло помал од овој сега, од овој во модерно информатичко време, во време на технологија. Нашата адмиинистрација може да функционира со 65% помалку вработени лица. Ако сега бројката изнесува околку 125.000 административци, тогаш гарантирам дека функционалноста и продуктивноста ќе бидат исти и со 2/3 помалку, односно со 40тина илјади административци. Но како да почнат со чистка, кога изборниот резултат го темелат на тие вработувања. Друга моја голема забелешка е тоа што во мала земја како нашата, имаме многу голем број на министри, па потоа заменици министри, советници на министрите, советнци на заменизите, итн итн… Што значи дека и тука бегаат огромен број на пари од буџетот. Мислам дека Швајцарија имаше 8 министри, а ние имаме скоро тродупло повеќе, 23! Јас сум еден од најголемите противници на “Мајскиот Договор”! Во тој договор се вели дека треба да се формира коалиција помеѓу победничките партии од Македонскиот и Албанскиот блок, што за мене е неприфатливо! Зошто ДУИ коишто беше најголемиот иницијатор за креирање на таков договор, не го испочитува договорот после изборите 2016 година? Зошто не формираше коалиција со Вмро Дпмне? Според мене, може да има мултиетничка коалиција, но да биде коалиција на просперитетни програми, а не вештачко етничка коалиција која е против желбата на народот, во која се остваруваат нечиј права преку уцена, преку креирање на меѓуетнички тензии. Се што се случуваше во државата беше против желбата на народот, против утавот и законите, против правдата! Затоа мислам дека на народот мора да му се даде она што го заслужува, она за кое мечтае. Да живее спокоен и ,мирен живот во просперитетна, економски силна, и стабилна држава! Тоа не е невозмжно, напротив со вистински луѓе, тоа може да се оствари ! Не е тешко да се уништи држава, тешко е да се постави на цврсти нозе рекол Пиндар, нашата Македонија може да заблеска, изборот? Тој е во рацете на народот!