дома Колумна Леон Стефановски со ексклузивна предизборна колумна!? „Одбројувањето за клучната одлука може да...

Леон Стефановски со ексклузивна предизборна колумна!? „Одбројувањето за клучната одлука може да започне”

56
0
АКЦИЈА

Предизборието полека завршува, на прагот сме пред клучната одлука. Одлуката која значи многу за Република Македонија. Токму поради тоа народот едногласно треба да ја одбере Македонија! „Одбројувањето за клучната одлука може да започне”Секогаш се водам од мислата „Што е најдобро за народот”. И секој мој јавен став, заклучок или критика ја темелам врз таа мисла. Сега, мислам дека тоа што е најдобро за народот, ќе мора сам да си го земе, народот сега ќе мора да поентира! Македонскиот народ е исклучително интелегентен народ и низ вековите покажал и докажал дека секогаш доаѓал по своето и притоа заради таквите важни одлуки опстојувал низ вековите.Никој граѓанин на Република Македонија не смее да биде манипулиран заради политички цели, и никој политичар не смее да биде настроен кон тоа, да ја освојува власта на база на лажни и примамливи ветувања, што беше пример низ годините.Фактите, аргументите и човечката свест се неизоставен дел од здрав и експлицитен став, па затоа јас преку оваа колумна сакам да ја опишам важноста на одлуката на 15 јули и комплексната ситуација во која се наоѓаат граѓаните при таквиот избор. Ситуацијата е комплексна поради многу работи, но изборот е многу јасен! Една од работите коишто секогаш ме иритирале е тоа што многу политичари велат „ Јас ќе владеам”. Тоа е многу голема грешка, ти можеш да управуваш заедно со народот, можеш да управуваш поради нивниот глас, политичарот треба да биде гласник а не владетел! Како во секое предизборие, така и во ова, политичарите даваат многу ветувања, најчесто голем број од ветувањата не биле исполнувани, затоа треба да има закон, коишто ќе служи за казнување на политичарите поради манипулација со народот. Најчесто доколку му се каже на политичарот дека ветувањата не биле исполнувани, ќе каже дека тие биле предвидени за четиригодишен мандат. Епа јас велам дека ветувањата треба да бидат исполнувани во зависност од времето потребно да се заврши тој проект или ветување, односно да бидат распределени по години, во првата година да бидат завршени определните проекти за таа година. Како што реков, определбата за тоа, кој проект во која година треба да биде реализиран може да се определи според времето потребно за неговата реализација. Сѐ со цел, да бидат реализирани ветените работи, и притоа да се размислува што сѐ се ветува во програмата на партиите. Гледам дека Сдссм, односно членовите на таа партија, при секоја дебата не ја испуштаат можноста да се пофалат за влезот во НАТО и за некои си претпристапни преговори за ЕУ. И на мало дете му е јасно, дека кој и да го променеше името ќе ги добиеше НАТО и ЕУ, што значи дека тие го добија само НАТО, повторно излажани и неспособни? Таквото големо предавство, колку НАТО ли вреди? Луѓето коишто умираа за Македонија низ вековите вредат колку НАТО? „Слобода или НАТО?” или „ Северна или смрт?”. Па ги слушам предизборниве дебати, ова што ви го опишав со НАТО, како го шминкаат со празни флоскули, ти се причинува дека мед и млеко им тече од устата. Тие зборуваат, медот и млекото течат ли течат, а убавите зборови всушност се како куќа со темели кремвиршли. Е сега јас, без да ми течат мед и млеко од устата, ќе ви набројам десетици лажни ветувања коишто ги изнакажа последната политичка гарнитура на власт, ќе ви ги набројам и аферите со коишто си го замачкаа мандатот. А тоа се:- Ветија живот за сите❌– Раст на БДП за 7%❌– Ветија 500 евра плата❌– 600 километри автопат❌– 550 километри магистрални патишта❌– 1.100 километри локални патишта❌– Завршување на автопатот Кичево-Охрид❌-Нов автопат од Блаце❌– Изградба на експресните патишта Штип-Радовиш и Штио-Кочани❌– Чист воздух❌– 100.000 плата за докторите❌– Гасификација на Македонија❌– Нов клинички центар❌– Доизградба на Штипскиот клинички центар❌– Бесплатно здравство❌– Реконструкција на сите студентски домови❌– Големо намалување на младинската невработеност❌– Бесплатен јавен превоз за млади до 29 години❌– Студенски кампуси во Битола, Штип и Тетово❌– 140 милиони евра за поддршка на домашните фирми❌– Зголемување на земјоделските субвенции за 160 милиони евра❌– Навремена исплата на субвенциите❌ – Загарантиран откуп на земјоделските производи❌– Интервентен фонд за земјоделците во висина од 6 милиони евра❌– Квалитетно образование❌– Правда и независно судство❌– Враќање на 500.000 млади назад во Македонија❌– 8 Милијарди годишно вратени кај граѓаните❌– Решавање на проблемот за дивоградбите на Охридско Езеро❌– Инвестиции на Гугл и Фејсбук❌– Решавање на проблемот со Еурокомпозит ОХИС и Колска❌– Изградба на железничка пруга до Бугарија❌– Завршување на железничката пруга во Битола❌– Изградба на ХЕЦ ЧЕРБЕН И ХЕЦ ГАЛИШТЕ❌– Либерализација на енергетскиот пазар❌И сега ќе ви набројам што остварија во нивниот мандат:- ГО СМЕНИЈА ИМЕТО, ИДЕНТИТЕТОТ И КРАЈНО ГО ПОНИЖИЈА НАРОДОТ ✅– Афера „Рекет”- над 20 милиони евра изрекетирани✅-Афера „Кеш”- Функционери на СДСМ на платен список на СЈО✅– Афера „Рекет 2″- Ден Дончев барал дел од парите од продажбата на Диамед ✅– Криминални иновации- Испумпани над 10 милиони евра преку грантови од фондот за иновации.✅– Епидемија на непотизам- Вработување на роднините на функционерите на власта во јавна администрација ✅– Прислушкување во ЈО- Обвинители и вработени во ЈО прислушкувани цела година а епилог нема ✅– Криминални тендери во РЕК- Испумпување на пари преку тендери за ископ и транспорт на руда ✅– 1000 амнестирани криминалци ✅– Афера „ Леонардо”- местење на 8 милионски тендер во М-НАВ✅– Афера „Сархемс”- местење на 70 милионски тендер за хеликоптери✅-Крвави тендери- 35 милионски криминал со набавка на реагенси✅– Афера за испитни возачки центри- Лиценци за испитни центри за блиските на Заев и Спасовски ✅– Афера „Дрон”- сопругот на Мила Царовска доби тендер за надлетување со дронови од власта✅– Афера „Боро Малборо” – градоначалникот на Ново Село фатен во шверц на цигари ✅– Афера „Марихуана”- Лиценци за производство на марихуана за луѓе блиски до власта ✅Тоа ли е „Живот во Македонија за сите✔️“?Патем најавуваа живот во Македонија, а донесоа (не) живот и (не) нормалност во Северна? Зошто не најавивте дека ќе има промена на име во програмата? Затоа секогаш ќе се водам од мислата што ја напишав на почетокот на колумната „Што е најдобро за народот”, или „Што е најдобро за Македонија”. Затоа не сакам да доаѓаат на власт луѓе коишто ќе газат по мојата чест, по честа на народот, луѓе коишто ќе ја газат Македонија! За апсурдот да биде уште поголем тие се гордеат со тоа. Лудвиг вон Мизес рекол „Оној којшто не е способен да им служи на своите сограѓани сака да владее со нив.“ Тоа ни се случуваше многупати низ минатото, и затоа треба да ги учиме лекциите коишто ни ги испраќа животот. Еднаш изодевме низ нива полна со капини, се плашам дека ако повторно се најдеме пред тоа искушение нема да стигнеме да ја поминеме и втората нива. За природата на нашиот поранешен „Владетел” ме потсетија зборовите на Иво Андриќ: „Ако сакаш да дознаеш каква е државата и нејзината управа, и каква ѝ е иднината, гледај да дознаеш колку во таа земја има невини луѓе по затворите, а колку престапници на слобода. Тоа најдобро ќе ти каже”. Мислам дека во неколку реченици е сѐ кажано. Во држава во која идеологијата се гледа низ партиска призма, во таа држава не може да има водење на политика според идеологија, левичарска или десничарска во таа држава може да има само водење на политика според партиските интереси, или најдобро кажано „Партиска идеологија”. Идеологијата е можеби најважниот дел од интелектуалниот капацитет на еден човек. Јас велам „ Слушни го човекот што зборува, доколку зборува за идеи, а не партиски цели, тогаш види ја партијата во која е член”. Што е мојата поента, поентата ми е во тоа што, според ставовите на едне човек можеш првично да видиш за каква идеологија зборува, доколку тоа не е „партиска идеологија” тогаш види во која партија е член. Неговата партиска определба и идеологијата за која ти зборува, ќе ти го пружи неговото политичко и идеолошко знаење. Затоа секогаш треба да ја ставаме идеологијата пред партијата, бидејќи партијата не е вечна, а идеологијата секогаш ќе биде тука. Секогаш сум се прашувал самиот себеси „ Зошто оваа територијално мала држава, политичарите не можат да ја средат за краток период?” И секогаш како одговор си велев „ Вистинската генерација на политичари сеуште не сме ја сретнале” и можеби навистина е така. 30 години лутаме и никако да ги најдеме вистинските „Модератори” на државата. И сега си велам, што ако сега е моментот? Што ако сега го имаме тој избор? А мислам дека навистина го имаме, имаме луѓе како професорката Силјановска, за која познато ѝ е на јавноста колку ја ценам, луѓе како Игор Дурловски, уметник од светските сцени коишто дојде тука, да се бори за Македонија, имаме луѓе како професорката Иванка, коишто горат од љубов додека ги држат говорите за татковината, професионалци во областа на здравството како доктор Синиша Стојаноски, имаме луѓе како Апасиев коишто се стремат кон остварување на идеологија. Искрено да ви кажам, вистинските левичари ќе гласаат за Левица, бидејќи нивната понуда е идеолошка а не партиска. Многу е лесен изборот, избираш помеѓу „Северна” и „Македонија” помеѓу „Владетел” и „ Народ”. Напорната работа никогаш не е случајност. „Секогаш е резултат на силна намера, искрен напор и паметна изведба. Таа претставува мудар избор помеѓу многу алтернативи – изборот, а не среќата или случајноста, е тоа што треба да ја определи твојата судбина.” Рекол мудриот Аристотел. Сега е многу важно дали ќе одлучиш да се бориш против неправдата и идентитетското насилство кое го претрпуваш, да се бориш за подобар живот, за Македонија! Или ќе одлучиш да бидеш манипулиран и понижуван, и да живееш живот во кој нема да можеш да го решиш Егзистенцијалното прашање. Доколку лесно се промени името и се потпишаа капитулантските договори со Бугарија и Грција, доколку се воведе двојазичност, што те тера да мислиш дека нема да има менување на химната, знамето, и можеби да дојде до поделба на Македонија!? За тебе, за Република Македонија ❗ ТИ ОДЛУЧУВАШ ☝️