дома Македонија Заев не и дозволил на Нина Ангеловска да си даде оставка?!

Заев не и дозволил на Нина Ангеловска да си даде оставка?!

101
0
АКЦИЈА

Нина Ангеловска или попозната како Нина Групер, му ја понудила својата оставка на Зоран Заев, дознава Веритас.мк од свои извори. Истиот извор открива дека претседателот на СДСМ, оваа оставка не ја прифатил, односно не и’ дозволил на Ангеловска да ја напушти Владата пред нејзиното распуштање. Сепак, воочливо е дека министерката ја нема во политичката кампања на СДСМ и не се знае дали Заев ја има во план за евентуално составување на нов владин кабинет.

Дали се работело за суета, навреденост или обид да се избега од празната каса од страна на министерката, не ни е познато. Сепак, малку е симптоматично што оваа информација стаса веднаш по објавувањето на нејзиниот отчет на фејсбук. Без да навлегуваме во детаљи, ќе се запрашаме дали ваква ретроспектива воопшто беше потребна кога граѓаните можат доволно да судат колку им е паднат животниот стандард и без тие 38 точки, кои министерката ги издвоила да не убеди во својата успешност. После се, истата таа министерка пред неполн месец ги молеше граѓаните да донираат пари за да опстанел здравствениот систем… Во било кој нормален општествен систем, ова претставува политичко самоубиство за секој министер за финансии. А тука секако е и скандалот со платежните картички за помош. На никој се уште не му се јасни критериумите за нивна распределба за што стигнаа преку 50 000 жалби, но едно е јасно-тие стигаат точно пред изборите и со нив може да се купува на Групер. “Мал проблем” е што треба по нив да се оди во турканиците во сред пандемија, ама граѓаните се веќе толку сиромашни, што и немаат некој избор…  

Како и да е, министерката Нина уште некој ден останува во својот кабинет, каде не знаеме што се работи, но знаеме што се појадува. Нека и е на здравје!