дома Македонија ,,КОАЛИЦИЈА НА ЕГИПКАНИ,, : Египќаните и Муслиманите масовно да излезат на гласање...

,,КОАЛИЦИЈА НА ЕГИПКАНИ,, : Египќаните и Муслиманите масовно да излезат на гласање и да го поддржат Вмро-Дпмне и проф.д-р Христијан Мицкоски

25
0
АКЦИЈА

НГИ,,КОАЛИЦИЈА НА ЕГИПКАНИ,, ги повикува Египканите од Охрид, Струга, Ресен, Битола, Кичево и цела држава , како и Муслиманите , да излезат масовно на Предвремените Парламентарни Избори 2020 и да го подржат ВМРО ДПМНЕ како и идниот Премиер на Македонија, Проф.Д-р Христијан Мицкоски.

Ова, се судбоносни избори за мојот народ Египканите. Среќен сум , што ја имав честа да реализирам средба со лидерот Проф Д-р Христијан Мицкоски, кој преку мене ги поздрави сите Египкани и Муслимани, дека ке се заложи за праведно и еднакво општество, секој да има исти права и обврски и дека Обновата ги опфака сите граѓани на нашата заедничка татковина МАКЕДОНИЈА.

Подршката на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата ,,ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА,, практично е подршка за развој на демократските процеси, човековите права и слободи и економскиот развој на земјата, истакна лидерот на НГИ,,КОАЛИЦИЈА НА ЕГИПКАНИ,, Дипл.правник Демир Далип