дома Uncategorized Јелинчич до Македонците: Ако допуштите да победи Заев, не го заслужувате името...

Јелинчич до Македонците: Ако допуштите да победи Заев, не го заслужувате името Македонија!

17
0
АКЦИЈА

Во финишот на предизборната кампања во Македонија стигна абер од Словенија, од каде што пратеникот Змаго Јелинчич Племенити, лидер на Словенечката национална странка (СНС), директно им се обрати на Македонците, на моменти и без да избира зборови.

„Драги Македонки, драги Македонци

В среда пред вас се избори, можеби најважни во историјата на македонскиот народ. На вас е Зоран Заев и неговите помагачи, најголеми предавници во историјата на Македонија, еднаш засекогаш да ги избришете! Ако дозволите уште еднаш да ве прегази тој штетник, најдобар пријател на нашата Тања Фајон, тогаш не го заслужувате името Македонија! Ако допуштите да победи тој криминалец, тогаш мора да ви биде јасно дека ќе ја растури државата и ќе им ја предаде на Албанците. Ќе ве продаде за добри пари, како и вашето име! Ако го дозволите тоа, вие сте обични пи…

Имате алтернатива, гласајте за оние што ќе ѝ го вратат достоинството на Македонија, кои на Македонија ќе ѝ го вратат името. И ако се случи оние што сега го ветуваат тоа да не го вратат името Македонија за неколку месеци, тогаш избришете ги и нив! Не заборавајте, за Македонија го дадоа животот многу ваши предци, од антиката па до последната војна во 2001 година.

Навистина ли мислите дека, поради тоа што Заев го сменил името, ќе влезете во ЕУ? Престанете да сонувате! Бугарите јасно ви ставија на знаење дека за нив не постои ни македонски јазик, ни македонски народ, за Грците и онака сте Циг… и на крајот Заев ќе се согласи и со тоа.

Но, што ви е гајле што велат и мислат другите! Вие сте Македонци, па почнете да се однесувате како Македонци! Борете се за своите права, стари и млади!

Словенечката национална странка ве поддржува.

Змаго Јелинчич Племенити“, порача третиот на претседателските избори во Словенија во 2002 година и четврти на следните во 2007 година, тогаш со 189.000 добиени гласови или 19 проценти.

Извор: kurir.mk